Холандскиот парламент даде дозвола за преговори со Македонија, не за Албанија

Сподели

 

Холандскиот парламент синоќа со мнозинство гласови ги отфрли двете резолуции, од Социјалистичка партија и од Партијата на слободата, да не се поддржи почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Парламентот истовремено усвои резолуција против отворањето на преговори на Европската Унија со Албанија. Со резолуцијата се бара да не се отворат преговори со Тирана поради немањето прогрес во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Според холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.