ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА ДА ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ФАБРИКИ КОИ РАБОТАТ НА ЈАГЛЕН

Сподели

holandija-702x336

Парламентот на Холандија усвои намалување од 55 проценти во емисиите на јаглероден диоксид до 2030 година, поради што ќе ги затвори сите термоелектрани кои работат на јаглен во државата.

Неочекуваниот закон кој беше донесен во четвртокот навечер е првиот позначаен за Холандија, откако се обврза да го испочитува Парискиот климатски договор.

Иако законот не е обврзувачки за владата, Либералната и Лабуристичката партија велат дека ќе лобираат за брза имплементација на новиот план.

Пет холандски термоелектрани беа затворени минатата година, но се уште работат пет. Три од нив биле отворени во 2015 година, а се обвинуваат за 5 процентен пораст во емисиите на стакленички гасови во државата само минатата година.

Заменик-претседателот на парламентот и претставник на Либералната партија, Стиентје ван Велдховен, вели: „Затворањето на големите фабрики кои работат на јаглен, дури и ако биле неодамна отворени, е досега најефективниот начин на постигнување на целите на Парискиот договор, и сите земји ќе треба да преземат такви далекусежни мерки. Не можеме да продолжиме да користиме јаглен како најевтин извор на енергија, кога е најскап од климатска перспектива“.

radiomof.mk