Во текот на вчерашниот ден, хоспитализирани се нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари. Со ова, бројот на хоспитализирани лица, и покрај преносот во странство, изнесува околу 90 повредени. Од нив, 60 лица се на Клиничкиот центар, 17 во ГОБ 8 Септември и 12 во Св. Наум Охридски. Дополнително, во Аџибадем Систина има 8 повредени, а во Жан Митрев 6, изјави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.
Вчера во странство се пренесени 24 повредени, од кои 13 во Србија, двајца во Словенија, четворица во Литванија, еден во Бугарија и четворица во Австрија (Виена, Грац). Во Србија, едно лице е сместено во Клиничкиот центар Ниш, четворица во ВМА и осум во Клиничкиот центар Белград. Вкупниот број на повредени во странство изнесува 73. Се очекуваат нови транспорти во текот на ноќта за Атина, Грција и Загреб, Хрватска.
Денеска пристигна и тимот од Израел од Шеба центарот. Тимовите од Чешка и Израел се на Клиничкиот центар во Скопје.
