Хрватска им го отпиша долгот на повеќе од 150.000 блокирани граѓани

Сподели

Хрватска им го отпиша долгот на повеќе од 150.000 блокирани граѓани кои на државата и правни лица поврзани со неа и должеле 10.000 куни (1.360 евра), плус камати.

Премиерот Пленковиќ изјави дека долговите се отпишани врз основа на новиот Закон за отпишување долгови за физички лица кои имале долг до 10.000 куни плус камати, со што целосно се деблокирани 6.248 граѓани.

Станува збор за отпишување на долгови кон државата или правни лица на кои државата им е единствен основач или сопственик, како што се Хрватската телевизија или Хрватскиот Завод за здравствено осигурување.