ХРВАТСКА: Иво Санадер осуден на 4,5 години затвор за примање мито

Сподели

По 4 години судење за обвинение дека примил 17 милиони куни провизија за посредство при продажба на зграда -објект на поранешен пратеник на ХДЗ и сопственик на месарница, Стјепан Фиолиќ, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на 4 и пол години затвор.

Зградата ја купил министерот за земјоделство во владата на Санадер Петар Чобанковиќ за потребите на Министерство за регионален развој.

Бидејќи е осуден на казна помала од пет години, Санадер нема да мора да оди во затвор до правосилност на пресудата.

Некогаш најмоќниот хрватски политичар е осуден за измама околу продажба на деловна зграда во Загреб на Министерството за регионален развој.

Според обвинението, Санадер примил 17 милиони куни “мито”, по што Министерството за регионален развој на штета на државата, купило зграда од компанија на поранешен пратеник на  ХДЗ.

Покрај казната затвор, Сандер, ако биде потврдена пресудата, ќе мора да врати 17 милиони куни (2,3 милиони евра).