Хрватската народна банка (ХНБ) изработила стратегија за влез на земјата во Еврозоната и прифаќање на еврото како своја валута, пишува весникот „Вечерњи лист“.
Стратегијата на ХНБ содржи и анализа на ризиците кои произлегуваат од напуштањето на сопствената валута и прифаќањето на еврото.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се залага за влез во Еврозоната.
Главните услови за влез се долг под 60 проценти од бруто-домашниот производ и релативно низок дефицит.