На 25. март во Градскиот парк, со почеток во 11 часот ќе се одржи хуманитарната трка за децата со Даунов синдром, организирана од Мечувалечки клуб Ескрим под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“ .
Целта на овој настан е да се подигне свеста за Даунов синдром поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата да се вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за сите деца. За нив спортувањето е од големо значење затоа што преку спортот ја развиваат моториката, координацијата, одржување на баланс и тонусот на мускулите. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и децата стекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот.
Трката ќе започне од Школка во Градски парк и секој кој е заинтересиран да го охрабри и поттикне успехот на децата со Даунов синдром може да се пријави на трката на https://www.smartrace.club/ или да ја посети и поддржи истата со своето присуство.
Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.