И Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Сподели

 

Освен Ковачевски и поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата.

-“Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Ременски изјави дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.