И официјално е-спортот во Македонија беше признаен како спорт!

Сподели

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт.

Современиот начин на живеење и промените што ги носи новото време иницираше потреба од ставање во функција на уште една федерација, која во својот домен на работење опфаќа еден поинаков начин на спортување.

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на РСМ Ѓорѓи Тасев.

-Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално е-спорт федерацијата станува дел од македонскиот спорт и што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња . Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови така и ќе продолжиме, истакна Мојсовски.

Ви честитам на успесите кои до сега ги постигнавте, и ви посакувам поголеми успеси во иднина . Го препознавме вашиот талент и силна желба за големи успеси , ви посакувам како млади луѓе да продолжите со истиот ентузијазам и понатака, додаде Мојсовски.

Упорноста на директорот на АМС, како и советникот во Владата на РСМ Ѓорѓи Тасев и нивните иницијативи изминативе две години доведоа до реализирање и официјалното постоење на е-спорт федерацијата, истакна Тотовски.

Тој додаде дека учествата и резултатите од натпреварувањата во изминативе две години ги прави искусни уште на стартот на постоењето.

Советникот во Владата на РСМ Тасев истакна дека заеднички сведочиме за успехот кој со самото официјализирање на е-спорт федерацијата докажува дека кога се сака-се може, а остварувањата на членовите, е-спортисти на изминативе 13 светски натпреварувања се навистина за респект.

 

 

 

извор: ams.gov.mk

The post И официјално е-спортот во Македонија беше признаен како спорт! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico