Меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација е Западен Балкан, беше речено во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД, Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува МИА.
Бајден ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности, како и за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатерални организации, борбата против климатските промени, борбата против Ковид-19, се наведува во соопштението на Белата куќа.