Ибрахимовиќ го напушта Милан, но останува во Италија – Ќе игра кај големите и стари пријатели?!

Сподели

Loading

Шведскиот репрезентативец и фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ (41) следната сезона би можел да го носи дресот на Монца, пренесуваат италијанските медиуми.

Искусниот напаѓач има договор со Росонерите до 30 јуни оваа година, а изјави дека би сакал да игра на ЕП 2024 во Германија.

Популарниот Ибра пред десет дена стана најстариот стрелец во историјата на Серија А во поразот од Удинезе.

Колегите од Апенините пренесуваат дека се уште не се знае дали актуелниот шампион на Италија ќе му понуди на Златан продолжување на соработката.

Од друга страна, Монца предводена од Силвио Берлускони и Адријано Галијани е подготвена за соработка со Ибрахимовиќ.

Легендарниот милански тандем е во пријателски односи со Швеѓанецот, а неговиот можеби следен клуб е 13-ти на табелата во Серија А.

The post Ибрахимовиќ го напушта Милан, но останува во Италија – Ќе игра кај големите и стари пријатели?! first appeared on .

Powered by WPeMatico