ИЈЗ: За 7 дена бројот на заболени од коронавирус зголемен за 86,5%

Сподели

 

Во извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври се наведува дека се тестирани  вкупно 13.028 материјали во лабораториите, во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 32.5% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 86.5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000 (Табела 1, Картограм 1).