Вечерва, на ТВ дебатата на Алсат М, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски истакна
„Водевме позитивна кампања за да ја презентираме најдобрата и најбогатата програма.
Благодарност до сите кои водеа позитивна кампања, освен градоначалникот во заминување кој правеше театари, манипулации, во недостаток на аргументи за фијаското од 4 годишниот мандат, за нереализирани проекти.
Тој секогаш бараше изговори, така и во кампањата, граѓаните тоа го препознаа. Прави прекршоци, се снима дека некој го следи, си праќаат сами на себе пораки, а потоа ги објавуваат јавно.“
Тој порача дека СДСМ се убедливи победници на 31-ви октомври.
„Граѓаните гласаа против политиките на Димитриевски. Од 27.000 гласа во 2017, сега падна на 15.000 гласа.
Доколку граѓаните го сакаа ќе го гласаа во прв круг, а не сега да мисли дека ќе ги добие гласовите“- рече Илиевски.
СДСМ, локални избори 2021, Куманово