Именување на заменици на генералниот секретар на Собранието

Сподели

Собранието на Република Македонија денеска, пред да го именува новиот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе одржа седница на чиј дневен ред е именувањето заменици на генералниот секретар на Парламентот.

Пред пратениците во рамки на оваа осма седница се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог-законот за докторска дејност, дополнувањата на Законот за исплата на плати, измените на Законот за извршување, измените на Законот за јавно обвинителство,…, сите во прво читање.

На седницата се и предлог-измените на Законот за аудио и аудио-визулени медиумски услуги (АВМУ).