Новоизбраниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски денеска официјално ќе стапи на функција.
Инаугурацијата ќе се одржи во 12 часот, во аулата на Универзитетот.
Јанкуловски беше избран во јуни година, а функцијата ја наследи од досегашниот ректор Велимир Стојковски. Тој доби 43 гласа од вкупно 55, наспроти неговиот противник, професорот и поранешен министер за образование Ненад Новковски, кој освои 6 гласа.