Инаугурација на Владимир Путин – претседател по четврти пат (во живо)

Сподели

 

По изборната победа во март, Владимир Путин денеска ќе биде инаугуриран на претседателската функција.

Владимир Путин, на светската сцена се појави од сенка, како поранешен агент на КГБ, како и шеф на Федералната служба за безбедност. Тогаш потполно непознат за јавноста, бил десна рака на Борис Елцин, премиер на државата, по што на 1 јануари 2000 година го зезеде тронот. Осумнаесет години подоцна, тој и натаму е на врвот, четврт пат на местото шеф на државата.

Денешната церемонија ќе биде како и претходните три во изминатите 18 години: сала во Кремљ со многу злато, вратата се отвора и Владимир Путин цврсто зачекорува на црвениот тепих. Од 2000. година ова е четвртата инаугурација за, во меѓувреме 65-годишниот, претседател на Русија. Се чини дека е на врвот на својата моќ. На изборите на 18 март Путин освои 77% од гласовите – негов најдобар резултат. „Со тоа не се чувствува потврден само функционерот Владимир Путин, туку тој тоа го чувствува и како потврда на својата политика“, вели Гернот Ерлер, поранешен ополномоштеник на германската влада за Русија. Од новиот мандат на Путин политичарот на СПД очекува пред сѐ едно – „континуитет“.

https://www.facebook.com/tassagency/videos/1864162110319540/