“Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани веднаш излезе на терен заедно со акредитирана лабораторија за да се спроведе вондреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер.”
Од инспекторатот соопштуваат дека ќе се постапи според наодите и Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани, излегува на терен заедно со акредитирана лабораторија, спроведува вонреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер. Беа извршени вонредни инспекциски надзори во правни субјекти, обиколки на површини и диви депонии, како и контрола на начинот на кој се загреваат субјектите во повеќе општини низ земјата
“Ги охрабруваме сите засегнати граѓани да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух” – повикуваат од Инспекторатот на Град Скопје.
Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето предвидени во Програмата и Планот за чист воздух донесени од Владата, спроведени од комбинираните тимови составени од седум владини советници, кои во координација со сите инспекторати во државата вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи преземаат активности за спречување на загадувањето на воздухот.