Здружението „Интеракција плус” од Скопје организира нова голема акција под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми”, која ќе трае до 5 февруари.
Здружението „Интеракција плус“ организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти, а посебен акцент ќе биде ставен на децата и учениците. Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и проценка од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.
За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се обратат на телефоните: 071/ 973-362 и 078/ 245-484, секој работен ден од 13-20 часот.