Интервју со Мариана Аранѓеловиќ – првата жена стенд-ап комичарка во Србија

Сподели

 

Мариана Аранѓеловиќ е првата жена стенд-ап комичарка во Србија. Родена во Белград, каде живее и работи. Има зелени очи, а изгледот и бојата на косата често ги менува. Црта и танцува многу убаво. Актерка со импресивна филмографија. 

 

 

Во недела на 11.април, во 20 часот, публката ќе има можност да ја види во живо преку on line streming со нејзината стенд-ап претставаМашко женски односи“. 

 

 

 

Денес магазин: Здраво  Мариана. Диломираше глума и теaтарска режија, a едно време работеше и како асистент на проф. Никита Миливојевиќ на Академијата за уметности. Публиката те памети како Милона од најгледаната Тв серија “Селото гори, а бабата се чешла” (Selo gori, a baba se češlja), како Даринка од “Животот и смртта на порно бандата” (Život i smrt porno bande), по улогите во многуте ТВ серии и театарски претстави, како “Тројца мускетари”, (Tri musketara) “Заспаната убавица” (Uspavana lepotica)  , “Бунар ( Bunar ),  “Мојата мајка” (Moja mama) и тн… Добитник на награди меѓу кои и онаа за најдобро женско актерско остварување. Децата те обожувваат препознавајќи ти го гласот во многу цртани филмови. Како стана првата дама на српскот стенд-ап?    

          

Мариана Аранѓеловиќ: Здраво Македонијо! Некој ќе каже дека сето ова било случајно. Но, бидејќи верувам дека не е случајно, најверојатно било судбински. Фактот што ми се пружи шанса мене ми предизвика да дадам сѐ од себе. Во 2011 годин,а во Белград се одржа фестивалот на улични забавувачи “Баскер Фест“, каде јас настапив со своја авторска комедија. Така започнав со стед-ап, а моите настапи публиката имаше можност да ги види во целиот регион. Многу пати доаѓав и настапував во Македонија. Не само поради фактот што имам македонски корени, туку навистина секогаш се чувствувам добредојдена кога настапувам пред македонска публика.

 

 

Денес магазин: За што најчесто зборуваш во твоите стенд-ап претстави?

Мариана Аранѓеловиќ: Стенд-апот е искрен, прецизен јавен говор, облечен во луцидни шеги на авторот, кои ја „искривуваат“ суштината и го „менуваат“ фокусот на проблемот. Обично, тоа е еден мој коментар на сопствената личност во светот кој што не опкружува. Логични заклучоци за нелогични појави и обратно. Упатства за употреба во сообраќајот, со роднините и други практични и модни совети. Додека слуша и гледа, публиката учествува во овие интерактивни претстави. Ги препознава општите места на своите животни искуства, бидејќи стенд-ап комедијата се бави токму со коментар на секојдневните фрустрации на поединецот, во однос на современото општество, меѓучовечките односи, социјалните вредности но, секогаш од поинаков интимен и се разбира искривен агол на набљудувач, коментатор и бунтовен стенд – ап комичар.

 

 

 

Денес магазин: Во недела ќе зборуваш за машко-женските односи. Овој пат настапуваш во живо живо преку on line streming платформата на Продукцијата Златен Заб.

Мариана Аранѓеловиќ:
Да повторно соработка со моите драги Македонци но, овој пат мојата публика, од било која земја во светот, има можност да го гледа мојот настап во живо, се разбира сите оние кои разбираат српски јазик и сакаат да се насмеат, наспроти целава оваа ситуација која трае веќе подолго време. Сега имаат можост да уживаат од своите домови (или каде и да се) сами или во друштво кое сами ќе го одберат, а по цена на еден билет. Идеална прилика да си поминете супер во недела навечер смеејќи се готово без престан. Овој стенд-ап е шармантен водич за машко-женските односи, со анализа на сличностите и разликите меѓу половите и зошто не се поднесуваат. Останете витални во потрагата по партнер! Вечер на спонтан хумор. Од гледна точка на една жена …Ќе бидеме блиски, но со дистанца.

 

 

Денес магазин: Порака за македонската публика

Мариана Аранѓеловиќ: Гледајте ме во недела, ајде заедно да се насмееме на своите проблеми, маани, изневерени очекувања и заблуди, бидејќи хуморот е лек и најсилно оружје на здравиот разум, племенитиот дух и инспирираната интелигенција.

denesmagazin.mk