ИППГ за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на Парадата на гордоста

Сподели

 

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на Парадата на гордоста, која оваа година се одржува на 24 јуни (сабота), во Скопје, под мотото „Гласни и горди“.

Парадата на гордоста истовремено е и прослава и протест. Ја славиме различноста, слободата, прифаќањето и љубовта, но и протестираме против дискриминацијата, стигматизацијата, говорот на омраза и насилството кон ЛГБТИ луѓето. Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на сите ЛГБТИ сограѓани во борбата за остварување на нивните човекови права. Маршот е можност ЛГБТИ како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува.

Интерпартиската група за правата на ЛГБТИ луѓето продолжува континуирано да придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви права и можности за сите, вклучително и за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.