Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Орландо

Сподели

orlando-napad

Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето во Орландо, во кое беа убиени најмалку 50, а ранети 53 лица.

Масакрот го извел Американец со авганистанско потекло, Омар Матен, кој бил убиен од полицијата на местото на настанот.

„Вооружениот напад на ноќниот клуб за хомосексуалци во градот Орландо, во американската држава Флорида, кој остави повеќе од 100 мртви и ранети, го изведе борец на ИД“, ја пренесе „Ројтерс“ информацијата на новинската агенција на Исламска држава „Амака“.
Сенаторот на Флорида, Бил Нелсон, изјави дека тврдењата на „Амака“ сè уште не се потврдени.

Американските медиуми пренесуваат дека Матен пред да отвори оган во клубот, ја повикал полицијата и во телефонскиот разговор се заколнал на верност на ИД.

Во Орландо е воведена вонредна состојба, а претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека нападот е чин на терор и на омраза.

– Како Американци, сите тагуваме поради бруталното убиство на дестици невини луѓе. Ова е особено тежок ден за сите наши пријатели Американци кои се хомосексуалци, бисексуалци или трансродови – рече Обама во своето обраќање на нацијата.

Ова е најмасовното убиство направено со огнено оружје во историјата на САД.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Орландо