Исланд е прва земја што ќе бара доказ за еднакви плати за работа

Сподели

Исландската влада планира да воведе закон во парламентот, за кој има поддршка од двете страни на коридорот. Кога ќе се примени, компаниите со персонал од повеќе од 25 луѓе ќе треба да приложат доказ дека вработените кои ја работат истата работа се платени фер без разлика на расата, родот, сексуалноста, или националноста.

Жените кои работат во Исланд моментално заработуваат 14 до 18 проценти помалку од мажите. И покрај очигледниот дисбаланс, нацијата се смета за лидер во родовата еднаквост. Во САД на пример, овој јаз е 20% – а е уште поголем за афро-американските жени.

Исланд е првата земја што ќе ги натера работодавците да понудат доказ за нивните тврдења за фер плати.

fakulteti.mk