Властите во Грција ја започнаа истрагата за финансиски криминал во грчкото претставништво на УНИЦЕФ, пренесува МИА.
Проверките за незаконското работење се побарани од страна на претседателката на националниот Комитет на УНИЦЕФ во Грција, Софија Ѕиѕику која по преземањето на функцијата побарала да се провери работата на грчкиот огранок на оваа организација.
Прелиминарна истрага беше наредена само неколку дена откако УНИЦЕФ одлучи да го затвори своето грчко претставништво поради криминални активности, за кои е откриено дека траело цели 15 години.