Билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, до сега е 14 загинати и триесетина повредени од кои седуммина потешко.
Истрагата на местото на несреќата продолжи и денеска, а во Институтот за судска медицина се врши обдукција на загинатите и нивна идентификација. Детали за несреќата од страна на Јавно обвинителство се очекуваат денеска или утре. Возачот на автобусот е пуштен на домашно лекување, а земена е и првична изјава.
Денеска и утре се денови на жалост, и се откажани бројни културни манифестации како и прослави за Св.Трифун.
Општина Гостивар денеска одржува комеморативна седница, бидејќи најголем дел од починатите и повредените се од таму. Сообраќајната несреќа е тема во регионалните медиуми, а телеграми со сочувство пристигаат од сите земји во регионот и пошироко.
Повредените денеска ги посети и премиерот Зоран Заев, како и министерот за здравство Венко Филипче кој ја следи состојбата на повредените кои се лекуваат на неколку клиники.