italijanska-ambasada1-827x680

Италија ќе додели 200.000 евра помош со цел да се поддржат активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во скопскиот регион, соопшти Италијанската амбасада во Скопје.

Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите кои ги презема Црвен крст, како набавка на прехранбени производи, вода за пиење, средства за хигиена, облека, душеци, ќебиња и друго.

meta.mk