Италијанските музеи ќе ги насочат приходите за обнова на разрушените градови

Сподели

835-2062-4-roma

Италијанските државни музеи апелираа на зголемена посетеност по нивната одлука целиот приход да биде пренасочен за обнова на средновековните градови срушени од катастрофалниот земјотрес.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во средата сруши домови, цркви и културни ризници стари повеќе векови.

Идејата е историските и уметничките дела да се санираат со приходите добиени од културното наследство од другите краеви на Италија.

Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини апелира Италијанците да ги посетуваат музите во знак на солидарност со жителите од погодените краеви.