Вчеравечер во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне.
Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат.
Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.
За денеска во 10 часот закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.