Ивана Настески:”Флора” во срцата на оние кои ја прегрнаа и почувствуваа нејзината широчина

Сподели

На цветот му треба сонце за да израсне во цвет, а на човекот му треба љубов за да биде човек!” Фил Босманс

Вчеравечер во Центарот за Култура ” Иљо Антески-Смок” во Тетово се отвори изложбата “Флора” на познатата македонска уметница Ивана Настески.

На изложбата беа поставени 31 акварел, од најновата продукција на Настески, и со оваа изложба таа ја одбележи 20 годишнината од нејзината прва самостојна изложба.

“Експериментирајќи и со другите сликарски техники, уживав во процесот на разлевањето на боите врз хартијата. Акварелот нуди фантастични перформанси. “Флора”, би сакала да се вгнезди во срцата на оние кои ја прегрнаа и ја почувствуваа нејзината широчина”, изјави Ивана Настески пред многубројните посетители на нејзината изложба.

Изложбата беше поддржана од Министерство за Култура и туризам на Република Северна Македонија.

Куратор: Јасмина Крстоска

Директор: Вулнет Фејзулаи

*Ивана Настески е родена 1981 година во Тетово. На Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“- Скопје. Во 2004 дипломирала на одделот графика, а во 2009 и магистрирала на одделот графика и графички техники.

Со самостојни изложби освен во родниот град се претставила и во Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Белград, Шабац и Дрезден, а на групни изложби повеќе македонски градови како и во Србија, Русија, Грција, САД, Португалија, Кина, Швајцарија, Мексико, Тајван Шпанија Словенија. Учествувала на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.

Член е на ДЛУМ од 2009 година, а добитничка е на повеќе награди меѓу кои и Гран при награда за графика на Македонија.

Фотографии: Зоран Андонов и Драги Неделчевски.