Иванов: Уште ги чекам барањата од не-политичарите за поништување на аболицијата

Сподели

Gorge-Ivanov-2

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Софија ги повика останатите помилувани лица од неговата листа, кои не спаѓаат во категоријата политичари, а сакаат да им биде поништена аболицијата, да достават барање до него.

Иванов, во изјава за „Телма“ вели дека досега до неговиот кабинет не стигнало барање за повлекување на аболицијата.

– Законот овозможува за сите други лица да си поднесат барања, како што изјавуваа претходно дека се подготвени да го направат тоа. Јас сè уште ги чекам нивните барања и затоа што законот има рокови. Очекувам сите тие кои не се политичари, а се дел од таа листа, согласно роковите од законот да ги поднесат нивните барања и да им се овозможи тоа што го бараат, односно да им се повлече помилувањето – вели Иванов.

Прашан, што ако не го направат тоа, Иванов кусо вели дека „ќе го почитува исклучиво законот и Уставот“

Тој уште еднаш потенцира дека одлуката за аболиција од 12 април ја донел како решение за излез од политичката криза.

– Јас им понудив на лидерите решение за излез од кризата, да има помирување и за сите тие предмети што се и на власта и на опозицијата да се замрзне постапката што е овозможена и со Уставот и со Законите. Нема ништо противуставно и противзаконито. Со тоа што тие одбија на таков начин да се реши кризата и создадоа законски услови да може тоа да се повлече, јас чекав согласно роковите во законот тие да поднесат барање бидејќи немаше од никого реакција, нити, пак, достави некој тогаш барање. Мојата одлука беше за тие за кои имаше најмногу реакции во јавноста, односно дека политичарите се надвор од законот дека се над законот дека тие не одговараат, затоа моето повлекување се однесуваше на листата на сите политичари што беа опфатени со помилувањето – изјави Иванов.

Иванов: Уште ги чекам барањата од не-политичарите за поништување на аболицијата