Изгоре бараката на ЈП “Улици и патишта” Скопје

Сподели

 

Во бараката на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје избувнал пожар ноќеска од автомобил што бил паркиран до објектот и веќе е целосно изгаснат, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на град Скопје.

Пријавата за пожарот била во 01.50 часот, а интервенирано е со шест возила и 19 пожарникари.

Иако пожарот е изгаснат протовпожарна екипа превентивно се уште е на терен.

“Единиците на противпожарната бригада и единиците на МВР сеуште го обезбедуваат објектот кој е со површина од 380m2.Оперативните тековни обврски редовно се извршуваат соогласно програмата и планот за работа, додека најнеопходните административни работи се извршуваат во отежнати услови. Во моментов превземаме мерки да обезбедиме просторно решение за нормално функционирање на претпријатието”, соопштија од претпријатието.