“По носењето на аболицијата, целиот предмет се стави во политички контекст при што главен акцент се даде на политичарите кои беа дел од овој акт. Со поништувањето на аболицијата за политичарите, сметам дека има простор за смирување на страстите, а за останатите постои законско решение со кое по нивно барање може да биде повлечена аболицијата. Од функционален аспект не гледам проблем целосно да профункционира поништувањето на аболицијата и сметам дека втората одлука е добро правно осмислена за на некој начин секој да може да се откаже од аболицијата. Политичарите се деаболирани, а за останатиот дел постои законско решение на нивно барање да можат да бидат деаболирани.”
Емил Димитриев