ИЗЈАВИ: РЕНАТА ДЕСКОСКА

Сподели

timthumb

” – Со вчерашното гласање се потврди она што СДСМ и коалицијата го зборуваше пред три и пол месеци, кога овие закони беа донесени. И тогаш и денес тврдевме и тврдиме дека законите за нотари и за извршители нема да донесат никакво подобрување за граѓаните и нема да ги намалат трошоците на граѓаните во постапките пред нотарите и пред извршителите. Тврдевме и тврдиме дека тие закони што ги изгласа власта не носат олеснување на трошоците на граѓаните кои во извршните постапки плаќаат многукратно повеќе од основниот долг. Сега, кога изборите се одложија и се очекува да се одржат до крајот на оваа година, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на вчерашната седница повторно го одложија стапувањето на сила на овие закони за следната година, за 2017.”