ИЗЈАВИ: ТАРАВАРИ ЗА СДК – Најверојатно, ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар

Сподели

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, објави порталот „Сакам да кажам“.

Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со Беса за заеднички да настапат на претстојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари.

-” Најверојатно, ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар, како кандидат на Алијансата. До почнување на предизборната кампања, останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи – изјави Таравари.