Настинката ни пречи во секојдневните активности и понекогаш може да биде премногу заморна.
Испробајте ги следните намирници за намалување на воспалението:
– Мед
Како што е познато, медот има антибактериски својства и навистина може да помогне да го излечите вашето грло.
Помшајте 1 до 3 лажички мед во чаша топла вода и правете гаргара два до три пати во текот на денот.
– Сол
Солената вода за лечење на воспаленото грло се користи со векови поради единствена причина- нејзината делотворност.
Солта ја извлекува течноста од мембраната на шлајмот и го чисти грлото.
Растворете пола лажица сол во чаша топла вода и правете гаргара 3 до 4 пати во денот.
– Нане
Ментолот кој се наоѓа во нане помага за отварање и прочистување на дишните патишта посебно кога правите гаргара со чај од нане.
Две кесички чај од нане прелиени со зовриена вода,се оставаат да отстојат 4 до 5 минути.Со оладениот чај се прави гаргара 2 до 3 пати во денот.