Излезноста до 15 часот изнесува 28.89 отсто

Сподели

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес конференција информира дека излезноста до 15 часот во првиот круг на претседателски избори изнесува 28.89 отсто.

– Од обработените 77,51 отсто од избирачките места, гласале 396.252 или 28,89 отсто. Во Аеродром до 15 часот излегле 35,45 отсто, во Арачиново 14,75 отсто, Берово 34,75 отсто, Битола 32,81 отсто, Боговиње 12.12,  Бутел  29,24, Валандов, 32,09 отсто… – рече Дерковски.

Тој соопшти дека од три општини не се пристигнати резултатите, но тие нема да сменат нешто драстично.

Што се однесува до изборниот процес, Деркоски напомена дека не се забележани сериозни прекршувања, а дека до нив пристигнале осум приговори за нарушување на изборниот процес, и дека истите ќе се разгледуваат веќе во текот на денот.