Изложба „Бесконечност“ на Петре Николоски во Чифте амам

Сподели

На 27 декември, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори изложбата насловена „Бесконечност“ од нашиот еминентен уметник Петре Николоски, кој повеќе од 3 децении живее и твори надвор од границите на нашата земја.

Изложбата ќе го анимира целиот простор на Чифте амам и во него ќе бидат поставени неколку поранешни дела и инсталации на авторот, како и неколку нови – клучни дела кои ќе се градат ин-ситу, во галерискиот простор и ќе бидат „моделирани“ од книги, донирани од страна на поединци, институции, издавачки куќи, сите алтруистички настроени индивидуалци кои сакаат да земат активно учество во проектот на Николоски. 

Петре Николоски 
Ликовен уметник, роден во Прилеп, од 1990 година живее во Англија.
Самостојни изложби: (избор) – Музеј на Современа Уметност, Скопје (2011, 2004, 1989); Kolegijum Artistikum, Сараево, Босна и Херцеговина (2010); Norden Farm, Maidenhead, Англија (2003); Модерна Галерија, Панчево, Србија (2003, 1989); Мonsaraz, Португал (2000); Open Hand/Open Space gallery, Reading, Англија (1989); Tasmanian School of Art воЛончестон, Тасманиа, Аустралија (1997); Irwel Way Sculpture Trail, Розендел, Ланкеша, Англија (1994); Venice Biennale, Венеција, Италија (1993); Leeds City Art Gallery, Лидс, Англија (1993); St George’s Church, Bloomsbury, Лондон и London Ecology Centre, Англија (1992); Leeds Art Space Society, Лидс, Англија и Harlow Carr Botanical Gardens, Харогат, Англија (1991); Grizedale Forest, Sculpture Trail, Камбриа, Англија(1990).
Групни Изложби: (избор) – Kolegijum Artistikum, Сарајево, Босна и Херцеговина (2009); МКЦ , Скопје(2008); Collins Gallery, Глазгов, Шкотска (2007); Модерна Галерија, Панчево, Србија (1999, 2002);Stanley Picker Gallery, Кингстон на Темза, Англија и Edinburgh City Art Gallery, Единбург, Шкотска(2000); Sacuyazawa Village, Yamagata Prefecture, Jапонија; Sabancy Art Centre, Yildiz Technical University, Истамбл, Турција (1997); Ernst Museum, Будимпешта, Унгарија, Kunst Bunker, Нинберг, Германија и BANFF Centre for the Arts, Банф, Алберта, Канада (1994); Hatfield University, Хатфилд, Англија (1992); Cherry Hinton Hall Park, Кембриџ, Англија (1991).

„ … Книгата ќе биде метафора и исто така примарен материјал во моделирањето на јадрото на оваа изложба во форма на обелиск и бесконечна полица чиј резултат ќе зависи од алтруистичкиот придонес на авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината“ – Петре Николоски.