Изложба „Flora Imaginarium“ на Зоран Кардула

Сподели

Во петок, на 18 јули, со почеток во 20 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) ќе биде отворена изложбата „Flora Imaginarium“ од познатиот македонски уметник и графички дизајнер Зоран Кардула.

Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани од флората, фантазијата и визуелниот јазик на маркетингот.