Изложба „Флора” од Ивана Настески

Сподели

Националната Установа Центар за Култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово со задоволство ве поканува на изложбата „Флора“ од познатата уметничка Ивана Настески од Тетово.

Изложбата ќе се отвори на 28.10.2024 година во 19:30 часот, во фоајето на Центарот за култура.

Ивана Настески, чие творештво е препознаено на меѓународно ниво, ни го претставува својот нов циклус слики каде што преку пролетните мотиви и природните елементи, ја истражува идејата за преродување и обновување. Во серијата „Флора“, таа ги прикажува цвеќињата во различни техники, меѓу кои акварел, гваш и туш, пренесувајќи ја деликатноста и елеганцијата на природата. Со секое дело, Настески успева да создаде динамичен и жив „букет“ од емоции, во кој пролетта и животната енергија се претопуваат во симбол на креативноста.

Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК „Иљо Антески-Смок“ – Тетово за 2024 година, и се реализира со поддршка од Министерството за Култура и Туризам.

Не пропуштајте ја можноста да се запознаете со ова прекрасно уметничко патување и да уживате во уникатните дела на Ивана Настески.