Изложба “Мапирање на спокојот” на Јана Андреевска

Сподели

На 17 март, во фоајето на Филхармонија, од 13 до 19 часот, ќе бидат изложени акварели од Јана Андреевска.

“Изложените 35 се акварели создадени од крајот на 2023 година до крајот на јануари 2025 и се инспирирани од фотографиите на хрватската фотографка Лилјана Чичиќ, која живее во Славонски Брод и со својот апарат на волшебен начин ги овековечува магливите сцени покрај Сава, од прекрасните фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – неверојатни хроничари на чудесните промени на охридското крајбрежје, како и од сопствени фотографии и од фасцинацијата од исландските булки”, изјави Јана Јаневска и додаде дека сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат и на Свеченото отворање на ДММ 2025 со Оркестарот на Музичка младина, под водство на Ангел Спироски, ќе имаат малку повеќе време на располагање околу и по концертот од 20.00, на кој меѓу останатото ќе биде изведена и мојата „Мандала“ во верзија за 16 гудачи!”