Изложба на фотографии од Ник Кејв „They Long for the Light of Your Touch”на Немања Ѓорѓевиќ

Сподели

 

Овогодинешното 8 издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити ќе започне со изложба на фотографии од Ник Кејв од реномираниот српски фотограф Немања Ѓорѓевиќ.
Изложбата ќе се отвори на 29 јуни, во 19 часот во Културно Информативниот Центар- КИЦ.
 
* Немања Ѓорѓевиќ е рок фотограф, видео режисер и уредник на порталот Балканрок, и зад себе има бројни самостојни изложби „Расчекор“ (2012) како дел од турнејата на бендот Blockout, „Сенките на звукот“ (2015), „Небесна тема“ (2016) посветена на Влада Дивљан, „Искреност“ (2017), „Beating Drum is a Heart“ (2020) и „Марк Ланеган: Ланегановиот пат кон утрешницата“ (2022).
 
Учествувал и на бројни групни изложби меѓу кои се истакнуваат традиционалните „Рок моменти.“ Исто така имал изложби во рамките на фестивалот Егзит во Нови Сад, Арсенал Фест во Крагуевац, Демофест во Бањалука и Дум Дум фест во Лесковац. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” со фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белград, Загреб и Нови Сад и ќе биде премиерно поставена во регионот.
 
Оваа година Кејв е лауреат на фестивалот и традиционално ќе добие признание за животно дело. Годинава замина на турнеја откако во изминатите две години поради пандемијата таа беше двапати одлагана. Во рамките на истата ќе настапи на 21 јуни во Загреб на „Ин фестот“ и на „Егзит“ на 8 јули.
 
Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 19 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно Информативниот Центар и здружението на Србите во Македонија, „Спона.“