Изложба на ликовни дела – ,,Психологија на белата девојка” – Славчо Максимовски

Сподели

 

КИЦ, Изложба на Славчо Максимовски “ПСИХОЛОГИЈА НА БЕЛАТА ДЕВОЈКА”, 29.ноември – 11. декември (Изложбен салон Империјал 2)

 

Славчо Максимовски

Роден во Скопје, Р.Македонија во 1988. Дипломира во 2011год. на Факултетот за хумани науки и уметност во Тетово одсек графика, а магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ( во класата на проф.М-р Јован Шумковски) 2018год. Има изложувано во Македонија во Скопје, Тетово,Гостивар, Куманово, Пробиштип, но исто така и во странство во : Србија, Италија,Финска, Мексико, и престој во Франција. Негови дела во приватни колекции се наоѓаат и во Сад, Канада и ,Еквадор.Добитник на повеќе награди меѓу кои и 1-ва Награда од публиката на ,,Интернационалната изложба за мал формат’’ во Нови Сад – Србија 2016.
Работи неколку сценографии, плакати за театарски претстави, автор на 2 краткометражни филмови, едукатор во ликовна работилница, автор на неколку колумни.Во моментов работи фрескоживопис.

Психологија на БЕЛА ДЕВОЈКА

Што е уметноста ако не е борба?!?… борба на духот на уметникот кој војува за откривање на вашиот внатрешен и надворешен свет, борба исполнета со жар, непокор, гордост,и ризици. Максимовски е импулсивен, енергичен , полн со емоции, страстен сликар. Видлив е експресивен, брз, сликарскиот потег кој на моменти успорува, станува бавен за да премине во суптилен. Станува збор за една чудна и на изглед многу природна сликарско-графичка кохезија. Тоа ја појаснува трагата по која уметниковото изразување ќе се движи. Без да се силува композициската целост на делото, со самото тоа што техниката со која се работи во најголем број од случаите е масло на платно, се дозволува делото да има процес на созревање. Останатиот дел се работени во најразлични медиуми од лавиран туш, акварел,акрилик, графички техники како сува игла и комбинирана техника. Страственоста и импулсивноста на Максимовски јасно е видлива во начиност и изразот во процесот на создавање на делата кои не секогаш се работени со четка. Неретко бојата е нанесувана со рака или директно од туба.Комбинацијата на топли и ладни тонови (во поголема мера ладни) е со причина да се отслика современото “студенило” на времето во кое постоиме сега гледано низ неговите зеници.. Во неговите дела е неговиот скаменет поглед од рушењето на меѓучовечките односи и распаѓањето на сите човекови морални норми и традиционални вредности. Секоја боја има посебно влијание врз човекот и ментално и емоционално. Со испреплетувањето на колоритниот контраст со разлеан хармоничен растер, преку кој провејуваат црвеникави траги имаме јасен знак за тоа дека гори желбата за револуција. Револуцијата е мајка на промената на систематското раководење во целина и суптилно, културно и уметничко плукање на општевството. Низ лик што бескрајно набљудува, гледа со грозен молк и немост во својата закоравеност, сепак низ својата затворена уста прелетуваат бесконечности преточени во загатки за да ги фатите силно и да ги голтнете длабоко колку што можете повеќе и без милост да ги изџвакате со сите можни пориви. Револуција низ поглед со скриена солза кој го чека својот крај за да почне од почеток, но, ужива во својата недовршеност знаејќи дека тоа ќе избледе.Револуцијата како жена. Жената како никогаш не пресушен извор на инспирација, како дама величествена и со нејзиното величество и грандиозност ставена на највисокиот пиедестал над сите пиедестали, константно се бори со сѐ што застанува низ просторот по кој таа чекори, силна, и плени со убавина и поглед нежен, тотално изграден став и непокорност спрема своите цели за лично задоволство и достигнување на врвот. Стои некогаш со болка, во раката има забоден стар клинец со црвен конец, а некогаш гнило јаболко. Не се предава и покрај сите препреки и трнливи стапки, цврсто гази по својот пат. Некогаш со неми усни сакајќи нешто да проговори, но, сепак, остава да зборуваат нејзините очи, тие ќе кажат сѐ, дури и тоа што таа никогаш не би сакала некој друг да го слушне, тие се верни предавници ако знаеме да влеземе во нивната кобна суштина. Таа е онаа семоќна жена Максимовски го води до степен за метафизичко размислување за недостижноста и недопирливоста со тело од коски и крв, таму само присутност на илузијата е дозволена, а тоа ја плени секоја мисла што ќе си дојде понатаму. И веќе тогаш сите зборови за неа се излишни и крајно непотребни, а помислата за завист и зборови кој би ја разорувале таа суптилност чистота претопена во нејзината душа станува морничав ужас. Силна како челик, кршлива како кристал, ладна како камен топла како жар.
Таму некаде доаѓа и погледот полн со тага и презир поматен со простување, а неговата прошка е извадена од минатото за секоја замислена неоствареност, на неговата неискривена слика за моралот и секоја невидлива солза баш поради тоа што останало само трага на сеќавање таа не излегува надвор да си оди туку си шета и се слева во неговата внатрешност низ душата. Меланхоличниот поглед е константно присутен.
Мисла за темното во светлината и нејзината спротивност, светлото во темнината.
Поглед со тага за моралноста односсимовски ги соддржи сите девојки во себе. Низ него дува ветар кој го обликува, нно неморалноста!
Јас сум предалеку од сѐ, но поблиску до себеси.
Не постои минато без сенки, ниту пак без ветер.Сенките стојат до срцето, но важно е да не те засенат. Тоа се тие погледи, тоа се тие ликови. Среќни, тажни болни, искрени, самоуверени, емотивни, кршливи, борбени, меланхолични, живи. Тоа е таа една единствена девојка која во изразот на Мако не го разнишува. Ова е негов ветер, негов бродолом. Пред истиот ветер паѓаш и стануваш. Тоа се силни ветришта, на нашите души.

М-р Жаклина Петровска (Историчар на уметност)
Валентина Матовска (Психолог)