Изложба на македонска мода и дизајн Slowscapes во Галерија Акантус

Сподели

 

Третото издание на изложбата на македонска мода и дизајн –Slowscapes ќе се оддржи од 17-21 декември во Галерија Акантус.

Галеријата Акантус e домаќин по втор пат и во соработка со Драган Христов од модната етикета Лудус, како куратор, ќе прикажат пресек на македонската модна сцена што го застапува движењето slowfashion. Ќе бидат селектирани колекции и производи од локални дизајнери кои работат наспроти ритмовите на забрзаната мода и пропагираат квалитетен производ и одговорно конзумерство.

„Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.

Следете не’ тука за да ги дознаете овогодишните учесници и нивните совесни работни практики, како и колекциите што ќе ги понудат на SLOWSCAPES 3.
Искористете го настанов како поинакво празнично шопинг искуство. Поддржете ги локалните дизајнери!
Учествуваат:
Amra Ismani Cactus Design Factory Girl/Ivana Sekuloska Jovana Filipovic LUDUS Marta Pejoska Nina Nine Petel Paun Design Arts and Crafts