Изложба на слики „Македонско девојче“ од Раде Најдовски

Сподели

Во Центарот за култура во Битола е отворена изложбата на слики „Македонско девојче“ изработени во маслена техника од Раде Најдовски.

Сликите се инспирирани од народните носии од различни предели во земјава, односно од носиите на Мијаците од Галичник, Крушево и од Смилево, носиите од Битолско Поле, од Дебарски Дримкол и други.

Изложбата е во рамките на придружните манифестации на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.