Во 2007 год во Музејот на Македонија е поставена изложбата “Народното стопанство во Македонија претставено преку фотографии и ликовни дела” со цел да се прикаже креативното творештво на македонските фотографи и уметници, претставени преку изложените фотографии од фототеката на Музеј на Македонија и високите уметнички дострели на македонските ликовни уметници.
Етнолошкиот оддел располага со над 9000 негативи со фотографии, распоредени по етнолошки теми: народни носии, народна архитектура, земјоделство-полјоделство, столарство, лов, риболов и пчеларство, занаетчиство, музички инструменти и ора, домашна женска активност и др.
Негативите се изработени во периодот од 1937 до 1977 година.
Етнолошкиот оддел во Музејот на Македонија поседува и збирка ликовни дела од македонски ликовни уметници.
Овие ликовни дела се создадени како инспирација на уметниците од животот, работата и творештвото на македонскиот народ и другите етнички заедници на овие простори и третираат етнолошки, односно фолклорни теми и мотиви.
За изложбата “Народното стопанство во Македонија претставено преку фотографии и ликовни дела” од 2007 год е публикуван каталог во авторство на Боре Неделковски и Сузана Андова, кој може да се погледне на следниот линк