Изложба „Порти кон бескрајот“ на Илија Кочоски во Прилеп

Сподели

На 11 јули, во 20 часот во фоајето на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена третата самостојна изложба на прилепскиот уметник и архитект Илија Кочоски, „Порти кон бескрајот“.

Од некогашната фонтана „Кај волната“ (каде што е денес фонтаната на Итар Пејо), па сè до препознатливата фонтана „Раце“ кај хотел „Скопје“, многу од обележјата на Прилеп носат негов потпис. Со оваа изложба, неговиот богат, симболички и духовен сликарски свет за првпат се претставува пред јавноста.

Изложба на улични фотографии Street life“ од Виктор Трајковски во Куманово

На 10 јули, во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии со наслов „Street life“ од Виктор Трајковски.