Изложба „Саботна ноќна треска” во Сули Ан

Сподели

Изложбата со наслов „Саботна ноќна треска” на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска отворена е во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан.

Авторите изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска.

Изложбата, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, ќе биде отворена за посетителите до 21 ноември.