Изложба “Зад Македониумот” во Кабинетот на претседателот

Сподели

 

По повод одбележувањето на 31 година независна македонска држава, во Кабинетот на претседателот, денеска 21.09.2022 (среда) во 17 часот, ќе биде отворена изложбата „Зад Македониумот“ – скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од нашите најпознати споменични обележја, Македониумот во Крушево.

Изложбата ќе биде достапна за посета за широката јавност преку платформата Отворен Кабинет од 22 до 30 септември 2022 година.