Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ ќе бидат отворени вечер (11 декември) во 19:00 часот во Музеј и галерија Кавадарци, и поставките ќе бидат отворени за посета до 20.12.2024.
Во рамките на изложбите ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.
Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници.