Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од 1.јули до 1.септември, во сила се измените на режимот кој се однесува на сите видови товарни возила.
Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15.00 до 22.00 часот, во саботите од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и во неделите од 07.00 до 22.00 часот.
Ова се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар. На овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.
Изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да се придржуваат на изменетиот режим.