По повод верскиот празник Задушница, утре и за време на викендот, во периодот од 06 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, информираат од МВР.
„Во Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица Боца Иванова и излегување на улица Александар Урдаревски. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска, а на гробишта Камник по улица Јужноморавски Бригади и улица Роман Каскалиевиќ“, велат од МВР.